Дубравка Аксиќ победи на натпреварот во лежење – лежеше 117 часа и е нов шампион

Дубравка Алексиќ од Подгорица е победник во традиционалниот натпревар во излежување кое се одржа во Етно селото во Црна Гора. Лежеше 117 часа, со што успеа за повеќе од двојно да го зголеми претходниот рекорд кој изнесуваше 52 часа.

Правилата на натпреварот беа дека натпреварувачите не смеат во никој случај да станат, а дозволено им беше да јадат, пијат, да читаат книга, да разговараат со публиката, итн. Новост оваа година е и тоа што на секои 8 часа им беше дозволено да одат во тоалет, поради што и значително се зголеми времетраењето на натпреварот.

Второто место го освоил Никола Бошковиќ, кој станал само 5 минути пред Дубравка, која пак за победата доби награда од 300 евра.

Ова е натпревар во кој Црна Гора и е единствен од овој тип во Европа. Особено е интересен поради прифатениот стереотип за Црногорците дека се мрзливи и сакаат да одмараат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи