Премиерот на Македонија Зоран Заев и порашениот претседател на владата на Грција, Алексис Ципрас, утре во Германија ќе ја добијат Мировната награда на Вестфалија за својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија и потпишувањето на Преспанскиот договор.
Во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион”.
На свечената церемонија утре во Мунстер, наградата ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.