Битиќи: Во овој момент не размислуваме за седми пакет мерки

Facebook
Twitter
Email
Print

Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Разговори ќе имаме. Секојдневно разговарам со стопанските комори и ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме“, рече Битиќи

Тој посочи дека здравјето на граѓаните е пред сè.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира