ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Сите анализи укажуваат дека училишната година треба да почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Додава дека засега ситуацијата се стабилизира, Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под нула, додавајќи дека денес има околу 900 новоинфицирани.
„Утре започнува школската година со редовно физичко присуство со исклучоци на средните училишта во Тетово и Гостивар кои ќе ја започнат наставата online прво во период од две недели, а потоа според состојбата. Утрово Комисијата за заразни болести ги разгледа барањата за одложување на учебната година во училиштата во Струга и Кичево и заклучи дека нема потреба од тоа. Тестирање на децата, кое е препорачано од СЗО и УНИЦЕФ, засега нема да има. Но, ако има индикација за тоа, ќе се направи рапид тестирање на учениците. За тоа треба да одлучи епидемиолог“, рече Филипче.