Одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со ставањето на Македонија на црвената листа на ЕУ, министерот Филипче рече дека тоа е поврзано со вакциналната политика на земјата.
„Како што можете да приметите за патување во ЕУ на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Нашиот тим направи специјални напори, па така вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји и сите кои што го поседуваат слободно може да патуваат“, одговори Филипче.
Тој потенцираше дека Македонија, како и целиот свет се стреми кон вакцинација на населението и со тоа да се дојде до колективен имунитет, како и полека да се враќа нормалниот живот кај сите нас.