Ако вие или барем еден член од вашето семејство редовно консумира цигари, непријатниот мирис на тутун останува во просторот.
Чадот од цигарите е еден од најупорните мирис во домот, а особено им пречи на непушачите.
Како да се ослободите од мирисот на тутун на природен начин?
Бел вински оцет
Белиот вински оцет е еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигарите. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа исчистете ги сите површини со крпа. Избришете ги масите, гардеробите, полиците и другите места за складирање. Можете исто така да ги избришете подовите и прозорците.
Сода бикарбона
Содата ставете ја во сад, кој потоа ќе го ставите во местото за пушење. Можете исто така да прскате сода на подот и да ја оставите 24 часа, а потоа едноставно да ја исчистите со правосмукалка. На овој начин можете да се ослободите од мирисите од теписите, мебелот и фотелјите.
Мирис на цитрус
Брзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун со лимони и портокали. Излупете ги, поделете ги на парчиња, а потоа наредете ги во помали чинии. Ставете ги низ целиот стан и оставете ги да се исушат. Пријатен мирис наскоро ќе го исполни просторот.
Помагаат и мирисливите свеќи
За отстранување на мирисот од цигарите помагаат и мирисливите свеќи, кои можете да ги ставите во садови со зрна кафе или со суви цветови на лаванда.