На прашањето дали е антиваксер лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за ТВ Алфа кажа дека бил принуден да се вакцинира поради лимитираноста од мерките.
„Искрено, вчера отидов да се вакцинирам, но бидејќи сум лимитиран. Не можам пристојно да се движам низ државата заради оние мерки коишто се за мене лично катастрофално глупави. Отидов и бев принуден да се вакцинирам“, изјави Мицкоски.