Во второто тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места во Македонија изнесува 1,78%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупниот број на слободни работни места во земјава за второто тримесечје изнесува 8.977, а според секторите на дејности, најголем број слободни места има во преработувачката индустрија (1.948), трговијата на големо и трговијата на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.6901) и во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна (995).
Истовремено, највисока стапка на слободни работни места од 4,64% има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,16%.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,54%.
Повеќе од половината од слободните места се во Скопскиот Регион, каде што се слободни 4.812 работни места.