Според податоци од Министерството за здравство кои ги доби Призма БИРН, вкупно 55 % од ковид-вакцините што се употребени во Македoнија, потекнуваат од Кина.
Македонските граѓани до сега примиле околу 680.000 дози од кинеските производители на ковид-вакцините.
Заклучно со 21 август, искористени биле околу 382.000 дози од „Синовак“ и околу 300.000 од „Синофарм“.
По производител, најмногу аплицирани дози, нешто преку 400.000, се од „Фајзер“. Од „АстраЗенека“ примени се 108.000 дози, а од руската „Спуник В“ употребени се нешто повеќе од 45.000.