Во Прилеп во спортскала сала на СОУ „Ѓорче Петров“ денеска се одржува 26-тото државно екипно пионерско првенство во Македонија. Првенството е во организација на пингпонгарската Федерација на Македонија и пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп како технички организатор. На денешното првенство пријавени се 10 машки и 3 женски екипи со 50 учесници.
„Прилеп го зеде ова првенство надевајќи се дека децата кои што почнуваат да играат пинг понг ќе го забележат ова првенство тука и дека со своето залагање и упорност ќе постигнат високи резултати. Како пингпонгарска Федерација на Македонија годинава оформивме 4 центри за развој на пинг понгот во Македонија, меѓу нив е и Прилеп. Центрите со работа почнуваат овој месец и да се надеваме дека покрај досегашните 25 деца кои ги имаме во нашата пингпонгарска школа дека уште толку ќе го зголемиме нивниот број“, истакна Златко Рикалоски, потпретседател на пинг понгарска Федерација на Македонија.
Првенството го отвори претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, кој нагласи дека Општина Прилеп секогаш максимално ќе ги поддржува сите спортски манифестациии и спортски клубови во општинат
„Чест и задоволство е да бидеме домаќини на државното првенство за пионери кое се одржува во нашиот град. Ние како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме спортистите и отворени сме за максимална соработка за развивање на спортот, со единствена цел да ги оттргнеме младите од пороците. Во буџетот Советот ќе предвиди средства за поддршка на спортските клубови, меѓу кои и пинг понгот и со тоа да придонесеме за развој на спортот во целата Општина“, потенцираше Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.