Советот на Општина Крушево донесе важни одлуки за 4 години, конструктивноста носи резултати

Советот ја одржа својата 78-ма седница на која беше донесена одлука за доделување на Осмосептемвриска награда и признанија, а претседателот на Советот Тома Петроски упати благодарност до советниците за конструктивноста изминатите 4 години.

„Се заблагодарувам на конструктивноста и придонесот. Благодарение на тоа донесовме многу важни одлуки за важни проекти за општината и граѓаните. Оваа сала во која се наоѓаме и ги одржавме последните седници, како и салата за театар и кино се обележје на овој состав на советот и треба да бидеме горди“, изјави претседателот на советот Тома Петроски.

Петроски на колегите им порача успех понатаму во професионалните кариери и доколку некој продолжи да ја обавува функцијата советник.

На утрешна свечена седница на советот, која ќе се одржи на летна сцена со почеток во 12 часот, ќе бидат доделени признанијата и наградата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи