Ќе се формира единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата на синоќешната 39-та седница донесе одлука за формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

 

„Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, со склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија, во областа на сузбивање на организирани форми на криумчарење мигранти и трговија со луѓе“, соопштија од Владата на РМ.

 

 

По затворањето на границите цените на црниот пазар за шверц на мигранти изнесуваат од 300 до 800 евра по човек. Откако „Балканската“ рута беше силно затворена од граничните власти протокот на мигранти е значително намален, но и натаму има помали обиди за нелегално преминување на границите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи