Граѓански организации донираа опрема за психомоторен развој за штитениците во Дневниот центар “Ѕуница”

Граѓански организации во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп со донација за Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“

Организациите Црвен Крст Прилеп, Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР и Центар за граѓанска иницијатива со заедничка активност за поголема инклузија на лицата со попреченост донираа опрема за психомоторен развој за штитениците во Дневниот центар “Ѕуница”со цел подобрување на условите за штитениците на овој центар.

Граѓанските организации се многу важни чинители во процесите на демократизација и создавање на поинклузивни општества за лицата со попреченост, и од суштинско значење е соработката помеѓу граѓанските организации за заедничко делување за подобрување на животот на лицата со попреченост.

Важно е да се напомене улогата на Меѓуопштинскот центар за социјални работи Прилеп во одржувањето отворена и континуирана комуникација со граѓанските организации што дава особен придонес за унапредување на меѓусебната соработка и реализирање на заеднички иницијативи насочени кон подобрување на животот на лицата со попреченост.

Соработката помеѓу институциите и граѓанските организации е неопходност за   континуирано да придонесуваме за афирмирање и за прифаќање на основното право на лицата со попреченост да живеат во рамките на заедницата и целосно да учествуваат во нејзиниот социјален, културен, политички и економски живот, како и континуирано да спроведуваме иницијативи за подобрување на нивниот живот и создавање на инклузивно општество.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи