Речиси 60 отсто од резервите на нафта и гас и 90 отсто од јагленот мора да останат во земјата за да го одржат глобалното затоплување под 1,5 целзиусов степен, велат научниците.
Прогнозата се базира на внимателна анализа на глобалната понуда и побарувачка на енергија.
Ова е „мрачна“, но реална проценка на „она што науката ни вели дека е неопходно“, велат истражувачите.
Тие „насликаа сценарио за иднината“ што остава многу помалку простор за фосилни горива отколку што се мислеше.
Истражувачите пресметале дека глобалното производство на фосилни горива би требало да достигне врв во 2020 година и постојано да опаѓа за 3% секоја година до 2050 година.
„За време на ковид пандемијата, видовме голем пад во производството – но тоа сега закрепнува, изјави за Би-Би-Си експертот за енергетски системи од УЦЛ (University College London), д-р Стив Пај.
Студијата се фокусира на тоа колку енергија е потребна и колкава треба да биде границата на емисии на јаглерод.
Д-р Џејмс Прајс, исто така од УЦЛ, изјави – Со нашиот модел ние порачуваме: Исполнете ги сите овие барања од сега до 2100 година без да испуштате премногу јаглерод диоксид. Резултатот е брзо намалување на фосилните горива – и голема количина фосилни горива (оставени во земјата).
Студијата, објавена во списанието „Нејчр“, исто така, покажа дека намалувањето на глобалното производство на нафта и гас потребно до 2050 година – за да се придржуваат до одредени граници на ограничувањето – значи дека многу региони се пред пик на производството – сега или во следната деценија.
Многу проекти за фосилни горива кои се веќе планирани или се во функција, најверојатно ќе ги загрозат светските шанси за исполнување на меѓународно договорените цели за глобално затоплување, утврдени со Парискиот договор од 2015 година.
И оваа „мрачна слика“, велат научниците, „најверојатно е потценување на она што е неопходно“.
Горната граница на емисии поставена со моделирањето ќе му даде на светот 50 проценти шанса да го ограничи затоплувањето на 1,5 степен Целзиусови.
Но, студијата во студијата се потенцира дека ова не ја зема предвид неизвесноста околу, на пример, обратната врска со климатските промени. Така, за да се обезбеди поголема безбедност за стабилизирање на оваа температура, (уште) повеќе јаглерод мора да остане во земјата “.
Истражувачите ги истакнуваат смелите национални политики за целосно отстранување на фосилните горива, вклучително и алијанса формирана од Костарика и Данска, која ќе стартува на клучната конференција на ОН за климатските промени оваа година во Глазгов, барајќи од земјите да престанат да издаваат решенија за добивање фосилни горива.
И научниците велат дека се надеваат дека „јасните бројки“ ќе инспирираат политичка волја за брза и итна промена за да се оддалечиме од зависноста од фосилни горива.
Д-р Прајс за Би-Би-Си рече: Физиката не ја интересира политичката волја. Знаеме технички како да го направиме тоа, само треба да го направиме тоа.