„Гентерм“ четврт најголем работодавач во Македонија

Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, ги промовираше 100-те најголеми компании во Македонија рангирани според нивните остварени вкупни приходи.

Денес Ви ја претставуваме листата на 100-те најголеми работодавачи во Македонија за 2020-та година. Овие компании се ТОП 100 според бројот на вработени.

Проектот „100 Најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Пари заедно со БизнисМрежа.мк во следниот период ќе ја објави и листата на 100 најголеми компании според остварената добивка за 2020-та година.

Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.

Исто така овој показател овозможува поголема препознатливост и промоција на компаниите кои ќе го искористат правото да се стекнат со сертификатот „Аналитика 100“ на Аналитика Медиум (сопственик на порталот Пари), а со тоа пренесуваат информација дека припаѓаат во групата на најзначајни компании во Македонија.

Листата од 100-те најголеми работодавачи може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира