Премиерот Зоран Заев денеска по обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, изјави дека според него не треба цела Влада да си даде оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово во која животот трагично го загубија 14 лица.
„Четврток, петок, сабота и недела немав изјава бидејќи беа денови на жалост и во моменти на чувствителност не сакав да влијаам на впечатокот. Експертите и институциите треба да испорачаат одговори на прашањата за кои се заинтересирани пред сè семејствата, но и граѓаните. Со огромно сочувство кон семејството ред е да почекаме да се добијат сите одговори за потоа да го кажам своето мислење за оставките.
Трагедии се случуваат насекаде во светот го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот, заменикот, директорот и економскиот директор.
Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка.
Должност е на Филипче и заменикот Хасани да ја извршуваат функцијата додека не бидат тргнати и до доаѓање на нови“, рече Заев.