Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на бензините.
Според одлуката цената на бензините се зголемува за 1 денар, додека цената на дизелот останува иста.
Па така, малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 73 денари, додека таа на Еуросупер 98 ќе изнесува 75 денари.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.