На 12.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 16 мерки, од кои 9 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 7 против возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 11 останати прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.