ВИДЕО: Во Прилеп се одржа седмото издание на Поетски слем – Македонија

Во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп денес се одржа седмото издание на Поетски слем – Македонија. Потписник на настанот е Театарската работилница – Прилеп.

 

 

Настапија 17 натпреварувачи од повеќе градови меѓу кои Скопје, Велес, Битола, Тетово, Струмица, Куманово и секако градот домаќин Прилеп.

 

Поетри слемот претставува поетски натпревар, кој што е ослободен од ограничувањата на нормалната, класичната поезија и натпреварувачите се натпреваруваат меѓу себе во „поинакво читање, односно говорење на сопствената поезија“. Жирито претставува публиката, која што го оценува настапот на изведувачите, нивната интерпретација и изведба на текстот, па според доделените оценки се одбираат тројцата најуспешни.

 

Поетски слем – Македонија, по две години, повторно ја доби поддршката на Министерството за култура и сега случувањето ќе се одвива во рамките на манифестацијата Нов културен бран.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира