Темпото на попис е подобро од очекуваното. Просекот е околу 100.000 граѓани на дневно ниво, вели директорот на ДСЗ, Апостол Симовски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.
Според Симовски, веб-страницата на ДЗС е цело време под напади.
„Откако почна пописот цел на хакерски напади е нашата веб страница. Имаше обид да се нападне и системот. Не сум стручњак во оваа област, но знам дека штета не е направена, но штета е што нашата веб страна е ретко досатапна за граѓаните“, рече Симовски.
Во однос на шпекулациите во бугарските медиуми за бројот на попишани Бугари, Симовски потенцира дека такво нешто нема.
„Такво нешто не заслужува коментар. Ниедно лице нема досега влезено во податоците кои се досега собрани“, вели Симовски.
105