Повеќе закони повзани со управувањето со отпад и неговото пакување се усвоени на денешната собраниска седница, а меѓу усвоените одредби е и драстичното поскапување на најлонските кеси во маркетите и продавниците.
Од 1 декември годинава, пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.
Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.
133