Попладнево околу 14 часот во ТППЕ Прилеп бил пријавен голем пожар во близина на селото Смолани. Командирот на ТППЕ Прилеп, Виктор Стојчески, истакна дека екипи на противпожарната бригада од Прилеп се излезени на терен, но станувало збор за огромна површина, пламените јазици се протегале во должина од неколку километри, за која нив им била потребна помош.
Горела нискостеблеста шума, но во тој предел имало и борови до кои засега огнот не е стигнат.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, рече дека се во постојани консултации со надлежните институции и доколку има потреба подоцна можно е да биде свикан и кризен штаб.
Пожар денеска имаше и кај селото Зрзе, Општина Долнени, екипите на ТППЕ Прилеп засега тој пожар го ставиле под контрола.
125