Бројките од пописот нема да го сменат Законот за јазици, вели Заев

Facebook
Twitter
Email
Print


Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалкубројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Заев истакна дека пописот нема да доведе до ретроградни процеси. Уставот, вели, е јасен, законите се јасни и продолжуваат да важат и тука треба да бидеме сите спокојни.

„Основно  е да знаеме вкупно колку државјани имаме и граѓани, колку се надвор и колку се тука во државата, а врз основа на тие параметри ќе се димензионираат сите економски, социјални, културолошки и други ресурсни политики, како политики на развој и раст“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира