Есенска рамноденица – вечерва во 21:22 часот замислете си желба


Есенската рамноденица го означува почетокот на есента на северната хемисфера. Есента 2021 година пристигнува денеска, 22 септември во 21:22 часот.

Рамноденицат играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Во Македонија, најстарото познато наоѓалиште на кој се определувал датумот на рамноденицата е Кокино, од околу 1800 г. п.н.е.
Денот кога денот и ноќта траат 12 часа, не само што го означува почетокот на есента, туку и овој ден се смета за многу моќен период за ритуали и примена на бројни народни верувања и обичаи.

Во 21:22, погледнете во небото и повторете ја желбата трипати, бидејќи според народното верување, таа сигурно ќе се оствари.

Во време кога истата должина на ноќта и денот го најавува доаѓањето на зимата, овој празник бил симпатичен магичен гест кој требало да обезбеди доволно храна за зимскиот период со изнесување и јадење на најдобрите плодови од жетвата.

Според традицијата, Богот на светлината ја загубил битката против својот темен близнак и алтер его, Богот на темнината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира