Времето денеска:
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24 степени.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 5 °C до 19 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Денес ќе биде ветровито со повремено засилен северен ветер вдолж Повардарието. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени.