Центарот за вработување донесува решение во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за користење на младински додаток.
Линк до Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 – претежно производствена дејност: https://www.stat.gov.mk/KlasifikaciiNomenklaturi.aspx?id=2
Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува Националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ во периодот од 12 август – 31 декември 2021 година.
Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.
#coalitionsega #законзамладинскидодаток #правонамладинскидодаток #Youth #Млади #bkm #KCC #infokompas #msp #bintern #necinmk #ozo #lagagrolider