Претседателот на државата, Стево Пендаровски, преку знаковен јазик го честиташе Меѓународниот ден за знаковниот јазик на сите глуви и наглуви граѓани.
„Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани. Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите.
Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност“, порача претседателот Пендаровски.
Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани. Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност.
#WeSignForHumanRights #InternationalDayOfSignLanguages #IDSL2021
Posted by Stevo Pendarovski on Thursday, 23 September 2021