Пендаровски: Бошњаците заземаат особено место во сите општествени текови во нашата татковина

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.

„Нека ни е честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во нашиот заеднички дом, Република Македонија, деценија и половина со гордост се празнува овој значаен ден како симбол на богатата историја и култура, обичаи и фолклор на припадниците на бошњачкиот етникум. Токму со своите специфики и светоглед, Бошњаците заземаат особено место во сите општествени текови во нашата татковина, но и во целиот балкански регион, збогатувајќи го бесценетиот мозаик од различни култури и традиции.

Благодарение на вашиот и на придонесот на сите останати етнички заедници, Република Македонија може да се пофали дека е пример за функционално мултиетничко општество. Нека нашиот соживот, заедништвото и почитта бидат влог во градењето на стабилна, просперитетна и економски развиена држава. Сплотени да ги надминеме сите здравствени, економски и политички закани кои се надвиснуваат врз нашата татковина и врз нас како индивидуи. Да ги премостиме сите пречки и да ги надминеме сите искушенија, стремејќи се кон подобра и посветла иднина.

Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам добро здравје, радост, среќа и бериќет“, вели Пендаровски.

На меѓународниот ден на Бошњаците , Пендаровски се сретна со  Шефик Џаферович, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.

„Констатиравме дека Македонија и Босна и Херцеговина како две пријателски земји кои немаат отворени прашања, треба да ја прошират соработката и на економски план“, напиша Пендаровски на неговиот официјален Фејсбук профил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи