Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 20 до 26 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 84 нови случаи на Ковид-19, а од последици на коронавирусот починале 3 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 294. На болничко лекување се наоѓаат 15 лица, од кои 11 се на кислородна поддршка, додека во домашни услови се лекуваат 279 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.993. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 449 лица.
101