Moжеби еден ден ќе имате омилена песна напишана од компјутер. Ова не е толку далеку од доменот на научната фантастика како што мислите.
„Деветтата симфонија“ на Лудвиг ван Бетовен е една од најпознатите симфонии во историјата на музиката. „Десеттата симфонија“ Бетовен не стигнал да ја заврши. Ја почнал и оставил белешки за неа пред да почине, во 1827 г.
Група композитори и експерти направиле програма со вештачка интелигенција која ја завршила симфонијата. Симфонијата наскоро ќе биде изведена од страна на оркестар.
Дел од симфонијата во видеото во продолжение.