Oризопроизводителите од кочанско задоволни од понудените решенија на средбата со Заев и Хоџа

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Владата одржаа средба со претставници на оризопроизводителите од Кочанскиот Регион, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Средбата беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.

Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа беа изнесени предлог-решенија, кои беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните неколку дена ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување  на предложените решенија.

Претставниците на оризопроизводителите изразија задоволство од предложените решенија и истакнаа дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи