Утре започнува новата академска 2021/2022 година: Студенти, среќно!

Facebook
Twitter
Email
Print


Утре на 1 октомври, започнува новата академска 2021/2022 година.

Минатата година студентите беа принудени да учат и да полагаат испити и колоквиуми на далечинa. Оваа година ќе има комбинирана настава, односно има можност за студентите и физички да присуствуваат во амфитеатрите и во предавалните.

Наставата ќе биде организирана и онлајн и физички, зависно од природата на предметите, но и од процената што ќе ја прави секој факултет поединечно, согласно бројот на студенти и условите за работа.

„Негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да ги пречекуваме новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови. Во таа насока, ве известуваме дека ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски на 1. 10. 2021 г. (петок), далечински ќе се обрати на првите академски часови на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, стои во соопштението од УКИМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира