Почнува втората недела од изборната кампања за Локални избори 2021

Facebook
Twitter
Email
Print


Почнува втората недела од изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии.

Коалицијата предводена од СДСМ денеска централни собири ќе одржи во Валандово и Кавадарци, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и Струмица. Иницијативата „Зелен Хуман Град“ ќе одржи прес-конференција на тема „Изградба на зграда“ во Скопје, а Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП ќе има изборни активности во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и носители на листи ќе бидат во Богданци и Гевгелија, а Движењето „Беса“ изборни активности ќе има во скопски Бутел и Шутка.

Кампањата ќе трае 20 дена, до 15 октомври, а за вториот круг избори што ќе се одржи на 31 октомври, кампањата ќе трае до 29 октомври.

Државната изборна комисија потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори.

На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуалните неправилности при гласањето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи