Како одговорни лидери на две соседни земји, имаме обврска да создадеме услови за уште поголемо приближување на нашите народи, вели претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во изјава за грчкиот информативен портал „Њузбомб” во пресрет на официјалната, дводневна посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Пендаровски ја потенцира и важноста на посетата со оглед на тоа што се случува и истакнува дека никогаш досега ниту еден претседател на Македонија не ја посетил Грција, ниту пак некој грчки претседател бил во Македонија.
„Денес ја пополнуваме оваа празнина и отвораме уште еден канал на комуникација и соработка за уште поголемо приближување на двете земји и двата народи. Затоа, главната цел на оваа државна посета е да ја покажеме нашата дополнителна подготвеност за унапредување на билатералните односи во сите области од взаемен интерес, да ја реафирмираме решителната посветеност за пријателски и добрососедските односи меѓу двете земји, како и за понатамошна имплементација на Договорот од Преспа“, вели Пендаровски.
Пендаровски утре и задутре ќе биде во дводневна официјална посета на Грција, ќе биде примен од претседателката Катерина Сакеларопулу, а ќе оствари средба и со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, и градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.