Најгледаното видео наскоро ќе има поголем број на прегледи од населението на планетата


Песната “Despacito”, хит на Луис Фонси и Деди Јенки, двајца уметници од Порторико, објавена во 2017 година, наскоро ќе има поголем број прегледи наЈутуб  отколку што има жители на планетата.

Оваа песна има повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи за 4 години (7,563,379,773). Вкупното население на планетата Земја се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

Песната е мешавина од  латино, регетон и поп и со неа, Фонси и Јенки освоија четири латино Греми награди во 2018 година.

“Despacitо” на македонски јазик значи „Полека“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира