ВИДЕО – Јовчески: Програма за развој на културниот и спортски туризам, поголема промоција на музеите, поддршка на културни манифестации, обнова на Фестивалот на пивото и градскиот оркестар


Културата е идентитетот на секоја држава. Нешто што не прави горди како прилепчани е тоа што Нашиот Прилеп е град со богато културно наследство и традиција, богато уметничко творештво кое мораме да го негуваме, чуваме и промовираме. Горд сум на бројните културно археолошки локалитети на територијата на Прилеп. Истакна на денешната прес конференција Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп.

„Горд сум на многубројните уметници кои оставија белег не само во прилепската, туку и во македонската култура и историја. Горд сум на нашите глумци, кои можеби се најдобриот ансамл во Македонија, на прилепските сликари, писатели, музичари итн. Кои во наредните 4 години со мене ќе имаат свој партнер во нивното творење и делување.

Сведоци сме дека во Прилеп, во последните четири години скоро и да нема културни настани.

Затоа ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи да го развива актуелното творештво и да го заштитува културното наследство, а во тој контекст нашата Општина Прилеп се обврзува да ги негува и чува локалните традиции, фолклор и духовност.

Ние ќе настојуваме, нашата општина да биде пошироко препознатлива како дестинација во која ќе може да се види и доживее духот на македонското вековно културно и идентитетско опстојување.

Во наредните 4 години ќе го :

– Обновиме ГРАДСКИОТ ОРКЕСТАР ВО ПРИЛЕП и ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ПРОСТОР ЗА ПРОБИ И РЕПЕТИЦИИ;

Истовремено:

– Ќе дадеме ПОДДРШКА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО ПРИЛЕП ПРЕКУ:

  • Анализа на туристичките потреби и изработка на стратегија за културен туризам;
  • Создавање на туристички мапи и културни рути;
  • Збогатување на археолошките локалитети со пропратни едукативни содржини со цел обезбедување на поголема туристичка понуда и одржлив развој.
  • Поттикнување на развојот на алтернативни видови на туризам;
  • Изработка на промотивни материјали од областа на културниот туризам;
  • Меѓународна и билатерална соработка во областа на културниот туризам;
  • Едукација и тренинг обуки за туристички проекти;
  • Субвенции за разни туристички манифестации и форуми;

Организирање на настани од областа на културниот и спортски туризам, како што се следниве:

  1. МАНАСТИРСКИ – КУЛТУРЕН ТУРИЗАМ
  • Во рамки на културниот туризам актуелизирање и промовирање на бројнитеманастири кои се на територијата на Општина Прилеп, како и локалитетот Марковикули и археолошките локалитети со кои располага Прилеп;
  1. KRALI MARKO TRAIL меѓународен натпревар во планинско трчање;
  2. MARIOVO – велосипедска тура и камп;
  3. Prilep OPEN- меѓунаро-ден параглајдинг куп;
  4. Storm riders- мото крос натпревар на Арена Лагово;
  5. OFF ROAD Prilep- меѓународен натпревар со теренски возила;
  6. Car Show-изложба на ретро автомобили;
  7. Тура Преку Слива- велосипедска тура;
  8. Krali Marko boulder festival –натпревар во бол-деринг;
  9. Downhill race Toptash- велосипедски натпревар;
  10. Сите на велосипед- вело настан;
  11. Пеце Атанасовски – натпревар во ориентација;

ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНА на која секој граѓанин на Македонија и посетител од странство ќе добива информации за културно – археолошки локалитети со кои располага Прилеп.

ЌЕ ГИ АКТУЕЛИЗИРАМЕ

  • Спомен куќата на Народниот херој „Кузман Јосифоски – Питу“,
  • Меморијалниот музеј „11 – Октомври“ – Участак, промоција на
  • Музејот за тутун – единствен на Балканот;

ПОДДРШКА И СТИМУЛАЦИЈА НА СОВРЕМЕНОТО МУЗИЧКО, ДРАМСКО, ЛИКОВНО, ФИЛМСКО И КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО ПРЕКУ:

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА САЕМ НА КНИГА ВО ПРИЛЕП.

КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА ФЕСТИВАЛИ ОД ДРЖАВЕН И МЕЃУНАРОДЕН КАРАКТЕР:

  • Фестивал Војдан Чернодрински – национален театарски фестивал
  • Меѓународен карневал „Прочка“;
  • Фестивал „Пеце Атанасовски“;
  • Мариовско – Мегленски културни средби;
  • Интернационален детски музички фестивал Ѕведички;
  • Прилеп Џез викенд.

– УМЕТНИЧКО ЛЕТО

– ОБНОВУВАЊЕ И ВРАЌАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПИВОТО;

ПОДДРШКА НА МАНИФЕСТАЦИИ КОИ СЕ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОПШТИНАТА:

  • Поетско Маркукуле, Денови на Крали Марко, Меѓународен ден на Роми, Фестивал Силјан Штркот, Прилепски заговор;

ГОДИШНИ КОНЦЕРТИ И ПЕРФОРМАНСИ НА ТАНЦОВИ ГРУПИ;

КОНЦЕРТИ НА КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА;

ОРГАНИЗИРАЊЕ ЗА ПРВ ПАТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СИМПОЗИУМ

ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ , сликарство и склуптура кој ќе го носи името на прилепскиот уметник, еден од основоположниците на македонската соврмена уметност и основоположник на прилепската колонија – Ристо Лозаноски.

Ова е само дел од нашата програма со проекти. Проекти за заеднички победи!“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи