Најголем повеќечасовен пад на Фејсбук, светот остана и без Инстаграм и Месинџер


Водечката светска социјална мрежа Фејсбук, како и нејзините платформи Инстаграм, Месенџер и Ватсап од попладнево околу 17 часот по средноевропско време се недостапни за милијарди корисници ширум светот.

Од компанијата не кажуваат што е причината за проблемот.Единствениот јавен коментар на Фејсбук досега е твит на апликацијата Твитер во која компанијата соопштува дека „некои луѓе имаат проблем да пристапат до Фејсбук апликацијата и дека се работи на отстранување на проблемот“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира