Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 10 °C до 12 °C.
Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд со променлив интензитет.