Лишени од слобода двајца прилепчани, затекнати при купопродажба на дрога


На 06.10.2021 околу 16.45 часот на ул. „Спиро Црне“, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.К.(49) и Н.З.(44), двајцата од Прилеп, затоа што биле затекнати при купопродажба на дрога.

Подоцна, при претрес во домот на И.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира