ПрилепНаТочак: Секојдневно се соочуваме со „окупирани“ пешачки патеки


Oд неформалната група граѓани „ПрилепНаТочак“ кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град денеска реагираат на „окупирана“ пешачка патека во центарот на Прилеп. Оттаму бараат постапување од надлежните за заштитата на јавниот простор кој е обврска на МВР и на Општина Прилеп.

Во продолжение нивната реакција во целост:

„Во центарот на Прилеп се наоѓа оваа окупирана пешачка улица. Секојдневно е истата ситуација. Вработениот во паркинзи ги пушта сите што треба и не треба и воопшто не го регулира начинот на паркирање.

Комерцијална банка АД Скопје  го има затворено својот паркинг и вработените ги оставаат своите возила на јавна површина со што го отежнуваат движењето на пешаците, лицата со колички, сите овие треба преминат преку зеленилото (кое исто така е окупирано) а со тоа ќе се уништи.

Општина Прилеп го игнорира овој проблем повеќе од 10 години, а Министерство за Внатрешни работи воопшто не се занимава со паркираните возила кои се неправилно поставени на јавна површина. Заштитата на јавниот простор е задача на МВР и општината.

Комерцијална банка како општествено одговорна компанија треба да ги стимулира своите вработени да доаѓаат со алтернативни средства на транспорт, а со тоа да се ослободи јавниот простор.

Општината и МВР треба да по ригорозно да постапуваат кон неправилно паркираните возила. А со тоа ќе дадат до значење на останатите учесници во сообраќајот

Вработените во ЈП за Паркирање да спроведуваат ред во паркирањето. А не само да наплаќаат, тие се и редари“, порачуваат од ПрилепНаТочак.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира