Ќе понудиме еден сосема поинаков концепт на активности и локални политики во насока на стимулирање економскиот развој на Општина Прилеп со цел да се овозможи сеопфатна партиципативност и вклученоста на што е можно повеќе партнери, територијална пристапност со цел максимално користење на расположивите локални ресурси, отворање нови работни места и зголемување на капацитетот на локалната економија за пораст на благосостојбата на жителите на Прилеп. Велат во денешното соопштение од граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ.
„Ќе обезбедиме Одделението за ЛЕР и постојаниот Економски совет на Општината да бидат главен двигател за креирање на една сосема реална и применлива Стратегија за локален економски развој, која ќе претставува вистински линк помеѓу јавниот, приватниот и невладиниот сектор без селективност.
За Еколошки акционен план и прецизни информации до потенцијалните инвеститори за третманот на бизнисите со негативни влијанија врз квалитетот на животната средина
За Локален акционен план за вработување, заснован на детална база на податоци за работната сила во општината од кој ќе произлезат иницијативи за иновирање на наставните планови и програми во средните стручни училишта
За соодветна промоција на можностите за инвестирање, развивање на економската соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, и транспарентна политика на локални даноци и такси
За ефективно а не декларативно учество на претставници на локалното стопанство во процесите на донесување одлуки за видот и висината на локалните такси, брзи информации за фискални олеснувања во врска со плаќањето надоместоци за уредување градежно земјиште и/или комунални такси, субвенции за земјоделците, субвенции за жени-претприемачи, итн.
За транспарентен систем за жалби на незадоволните корисници на комунални услуги и воведување на систем за електронско следење на предметите.
За да создадеме реална и објективна сегашност која ќе креира стабилна економска иднина
За таков Локален економски развој ЧЕ ВРЕДИ“, велат од ЧЕ ВРЕДИ.