Канцеларијата на СЗО во Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање на вируси, во рамки на тековниот одговор на КОВИД-19. Целта е да се придонесе за ефективен одговор на КОВИД-19 во земјава.
Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравственитеустанови, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека носачите за вакцини во голема мера ќе придонесат за подобрување на националните капацитети за складирање на вакцини и значително ќе ги поддржат напорите за дистрибуција на вакцините против КОВИД-19.
Џихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија истакна дека подобрувањето на инфраструктурата на ладниот синџир ќе помогне вакцините што спасуваат животи, како вакцините против КОВИД-19, така и редовните вакцини, да стигнат до оние на кои им се најпотребни.
„Покрај ладниот синџир, СЗО ги поддржува и сите други аспекти за зајакнување на имунизацијата, вклучително и градењетoна капацитетите на работниците во јавното здравство, здравствените работници кои ја вршат вакцинацијата, педијатрите, матичните доктори и останатите здравствени работници, преку прилагодени курсеви за обука за вакцинацијата“, додаде Тавила.
Таа ги охрабри сите целосно да се вакцинираат и да се придржуваат на јавно-здравствените и социјалните мерки.