По кратко боледување на своја 60-годишна возраст почина новинарот Трајче Јованов.
Јованов најголем дел од својата новинарска дејност ја поминува во радио Штип, од каде по згаснувањето на радиото продолжува во Angels FM. На јавноста ѝ е познат по својата професионалност и големиот удел во прес службата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, позиција која ја изведува од 1988 година.
Покрај новинарството, тој имаше и уште една голема љубов – актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип. Тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави.
Сочувство до семејството, нека почива во мир.