Се продава поршето на Пабло Ескобар


Специјалниот модел „Porsche 911 Carrera 3.0“ од 1974 година, за разлика од било кој друг модел на „Порше“ може да се продаде за повеќе од 1 милион долари на претстојната онлајн аукција.

Овој модел првично се натпреварувал на Меѓународна трка на шампиони (IROC) во 1974 година, кога го возел двократниот шампион на Инди и Формула 1, Емерсон Фитипалди, пишува „Autoexclusive.rs“.

Aвтомобилот бил продаден на Пабло Ескобар, озлогласениот колумбиски трговец со кокаин. Во неговиот мандат, автомобилот продолжил да се вози, иако е изменет со каросерија од 935. Нарко босот го чувал автомобилот до неговата смрт во 1983 година.

Аукциската куќа „Listing Collecting Cars“ потврдува дека овој модел по смртта на Пабло е вратен во САД, дека е вратен во првобитната состојба и дека изгледот му е како што бил во ерата на Фитипалди.

Овој модел поминал низ целосен процес на реставрација помеѓу 2007 и 2010 година и оттогаш е изложуван на бројни настани каде што освојува многу награди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира