„Зелена и дигитална транзиција на системите за храна и земјоделство“ на Интернационалниот агро-бизнис форум во Атина


Од 6ти до 7ми Октомври 2021 година во Атина, Грција се одржа 4-то меѓународно издание на Агро Биснис Форумот истакнувајќи ја „зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“.

Пандемијата од Ковид-19 откри сериозни недостатоци во глобализираните синџири на снабдување (агро прехранбени производи) што ги поставуваат прашањата од глобализацијата до безбедноста, управувањето со ризикот и отпорноста на синџирите од фарма до трпеза.

Агро Бизнис форумот 2021 се фокусира на решавање на овие предизвици, подобрување на „зелената“ и „дигиталната“ транзиција и проценување на влијанието на климатските промени, во согласност со CAP 2021-2027 и стратегијата на Фондот за обновување на ЕУ, согласно глобалните и националните нови трендови и ограничувања, вклучително и пристапот „Едно здравје“.

За Иднината на системите за земјоделска храна со оглед на резултатите од Самитот на системи за храна на Обединетите нации 2021 година говореа Г-дин Набил Ганги, Заменик Регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Г-ѓа Мери Кени, Офицер за безбедност на храна и заштита на потрошувачите, Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, а свое излагање имаа претставници од Европската Комисија за земјоделство и рурален развој, претседавач на СДСН Европа и претставник од грчкиот парламент на Комитетот за заштита на животната средина.

Организацијата на жени на Обединети нации претставувана од Г-ѓа. Мерал Гузел, Менаџер за партнерство, женски акцелератор за претприемништво, UN Women и Г-ѓа. Алија Ел-Јасир Регионален директор на UN Women, претставник во Турција, Европа и Централна Азија, преку панел дискусија на која свои излагања имаа Г-ѓа. Фатма Диркеш(Претседател, Европска асоцијација за обука на банкарски и финансиски услуги, Германија), Г-дин Илија Тамарашвили Директор (Директор на Агенција за рурален развој на Грузија),  Г-ѓа. Нардане Куску (Основач на Органска фарма Narkoy),  Г-ѓа. Талин Акин (Претприемач, основач на Табит) и Г-ѓа. Марина Тошеска (Мрежа на ЛАГОВИ на РС Македонија) ја презентираа потребата за овозможување на претприемништвото на жените во агробизнисот за градење паметни економии.

За Заедничката Земјоделска Политика 2021-2027 и „Зелениот договор“ свое излагање имаа Г-дин Спилиос Ливанос, Министер за земјоделство, рурален развој и храна, Грција, Г-дин Јануш Војчеховски, Еврокомесар за земјоделство во ЕУ, Г-дин Никос Папатанасис, Заменик министер, Министерство за развој и инвестиции и Г-дин Хуберт Котоњи, Заменик директор на Европскиот инвестициски фонд посочувајќи на неопходноста од градење на одржливи агро-системи согласно Зелената Агенда.

Форумот е посветен на унапредување на знаењето за дигитализација и дигитална трансформација на синџирот на вредност на земјоделско-прехранбената храна од фарма до трпеза со осврт на зелената агенда, климатските промени и заштитата на животната средина, како и клучна платформа за зајакнување на иновациите и интегрирање на партнерства кон остварливи, одржливи, следливи и еластични системи за земјоделска храна во Грција и пошироко.

Над 45 говорници и панелисти претставници од влади, јавни институции, академски институции и истражувачки центри, приватни ентитети и граѓански организации ги презентираа потенцијалот, предизвиците и можностите за “зелена” и дигитална транзиција на агробизнисите и земјоделството.

Агро Бизнис форумот е успешна приказна за воспоставување на инклузивна платформа за обликување на робустен, сеопфатен и кохерентен дијалог кон остварливи, одржливи, следливи и еластични системи за замјоделска храна во Грција и во светот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи