Пристигна последната пратка од уредите за отпечаток од прст за Локални избори 2021

Facebook
Twitter
Email
Print


И последната пратка од терминалите за гласање на претстојните локални избори пристигна во Македонија.

Гласачите на локалните избори ќе се идентификуваат за прв пат со читач на отисок од прст.

Лицата кои не се во можност да се идентификуваат преку читач на отисок од прст нема да се контролираат преку терминалите туку тие ќе гласаат како порано со УВ ламба и спреј.

Почетокот на изборите е за една недела а од ДИК велат дека се ќе биде подготвено до 17 октомври, односно денот на изборите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи