Утре амандманска расправа на Предлог- законот за употреба на јазиците, поднесени 90 амандмани

Facebook
Twitter
Email
Print

До Комисијата за европски прашања пристигнаа 90 амандмани за предлог-законот за употреба на јазиците од кои дури 84 од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката СДСМ поднесе 4, Движењето БЕСА 2, додека пак ДУИ не поднесе ниту еден амандман како што и најави Артан Груби на прес конференцијата минатата недела.

 

Инаку, пратениците претходно ја изгласаа потребата од носење на ваков закон по собраниската распрва на нацрт-текстот по прво читање.Според деловникот законот сега треба да се врати во матичната комсијата, а бидејќи е со европско знаме за него надлежна е Комсијата за европски прашања. Амандманската расправа е закажана за утре и ќе трае три дена по што законот повторно ќе биде вратен на пленарна седница.

 

За изгласување на законот потребни се 61 пратеник. Според најавите на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, целата процедура треба да заврши до крајот на декември, како и што премиерот Заев побара, ова прашање поврзано со спроведување на албанскиот јазик во институциите да биде затворено до крајот на годината.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи