Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција апелираше до родителите да одговорат позитивно на писменото барање од МОН нивните деца да учествуваат во скринигот на учениците низ училиштата во земјава.
„Од утре ќе биде испратено писмено барање до родителите, а од другата недела ќе почнеме со скринингот. Не е ништо страшно, обичен брис се зема, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Во моментов нема заболени и хоспитализирани деца, освен 10 до 15 деца згрижени само во болницата Козле. Засега немаме податоци за трансмисија во училиштата“, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.