МВР: Активистот на Левица е повикан во полиција поради „омаловажување државен орган“


МВР излезе со свое соопштение во врска со активистот на Левица од Прилеп кој е повикан во полиција поради ситуацијата во која вербално му се обрати на премиерот Зоран Заев на 11 Октомври на Могилата на непобедените.

Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата“, соопшти МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира