Олимпискиот пламен за Зимските олимписки игри во Пекинг, што ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година, денеска беше запален во античка Олимпија, од каде традиционално започнува патувањето до градот домаќин.
Пламените јазици беа запалени кратко по 12 часот по локално време, со сончевите зраци на урнатините на древниот храм на божицата Хера во Олимпија, лулка на Игрите.
Првиот факел го презеде шампионот во алпско скијање Јанис Андониу и му го предаде на олимпискиот шампион Ли Чиечун.
По завршувањето на манифестацијата, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу рече дека „олимпискиот оган, започнувајќи го патување за Зимските олимписки игри во Пекинг, ја пренесува пораката за помирување на народите, мир и фер плеј“.
131